Огромна благодарност до компаниите СН Осигурителен Брокер и спортските обложувалници Евротип кои не само што ги донираа сите паравани туку и сами ги наместија.

Објавил: Перо Милчин | 24 април, 2021 14:48

Салата „Билјанини извори“ наскоро ќе стане првиот регионален центар за вакцинација

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Интензивно се работи во салата „Билјанини извори“ која наскоро ќе стане првиот регионален центар за вакцинација.

Во салата се поставени сите:

🔹14 паравани за физичко одделување на лицата при вакцинација,
🔹14 пункотви за 28 вакцинални места,

Деновиве ќе се инсталира компјутерскиот систем за потребите на министерството за здравство,

Интензивно се работи во салата „Билјанини извори“ која наскоро ќе стане првиот регионален центар за вакцинација.

Ќе биде донесен агрегатот за фрижидерот каде ќе се чуваат вакцините и по извршената дезинфекција салата ќе биде отворена за граѓаните.

Според планираното истата треба да биде готова до петок.

Огромна благодарност до компаниите СН Осигурителен Брокер и спортските обложувалници Евротип кои не само што ги донираа сите паравани туку и сами ги наместија, рече градоначалникот Костадиновски!

Во овие моменти од исклучителна важност е солидарноста на општествено одговорните компании.

Со нивен допринос овој вакцинален пункт ќе ги услужи граѓаните од општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Дебрца, Ресен и Кичево.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...