– Ќе ја посетам прекрасната земја Македонија, а ќе ја посетам и Албанија за неколку недели и овие посети се навистина значајни за мене лично.

Објавил: admin@magazin | 4 ноември, 2019 23:11

САСОЛИ: Не се откажувајте од европската иднина, вие му припаѓате на нашето семејство!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, кој престојува во официјална посета на земјава, преку Твитер упати порака дека Македонија ги исполни сите критериуми и дека земјата заслужила зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ.

– Денеска патувам во Македонија и имам едно барање, особено до младите луѓе во земјата: не се откажувајте од европската иднина. Вие му припаѓате на нашето семејство. Европскиот парламент е со вас, напиша Сасоли на социјалните мрежи. 

Тој вели дека луѓето во Македонија и во Албанија беа длабоко разочарани кога слушнаа дека некои земји го блокираа почетокот на преговорите. Претседателот на Европскиот парламент пораката ја испрати и преку видео обраќање до граѓаните на Република Македонија и на Албанија.

– Ќе ја посетам прекрасната земја Македонија, а ќе ја посетам и Албанија за неколку недели и овие посети се навистина значајни за мене лично. Ова ќе бидат први официјални патувања надвор од ЕУ, во земји со кои сме пријатели, кои сакаме да станат дел од нашата Унија. Знаеме дека луѓето во Македонија и во Албанија беа длабоко разочарани кога слушнаа дека некои земји го блокираа почетокот на преговорите. Го разбирам тоа и го делам вашето разочарување.

Ги исполнивте сите критериуми, направивте одлична работа и заслуживте зелено светло за почеток на преговорите. За ова прашање Европскиот парламент и Европската комисија го изразија нивното мислење многу јасно заедно со огромното мнозинство земји на ЕУ. Но, ова не е крај на дискусијата. Европскиот парламент, домот на европската демократија е со вас. Нема да молчиме. Ќе притискаме цврсто за позитивно гласање на наредниот Европски совет. 

Давид Сасоли при денешната посета на Скопје се сретна со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на собранието Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев.

На средбата со Сасоли, претседателот Стево Пендаровски рече дека одлуката на последниот самит на лидерите во Брисел беше неповолна со оглед на тоа што земјата презеде крупни чекори во внатрешните реформи и добрососедските односи, со цел да напредува во европските интеграции. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести