Иззмени од гласање треба да бидат и судијките Лидија Неделкова, бидејќи со Вангеловски се пријавија меѓу себе во Судскиот совет поради нестручно и несовесно вршење на функцијата, како и Марија Матеска, која Вангеловски исто така ја пријави во Судскиот совет.

Објавил: Весна Петровска | 12 септември, 2019 18:35

СЕАД КОЧАН МУ ЈА УНИШТИ КАРИЕРАТА: Кои судии ќе му „пресудат“на Вангеловски

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Порталот А1он направи интересна анализа откако во јавноста беше објавено дека Јово Вангеловски беше разрешен од функцијата претседател на судот поради несовесно работење.

Прашањето е кој од 18 врховни судии во највисокиот суд во земјава ќе бидат избрани пет за решавање на судбината на Јово Вангеловски.

Членови на комисијата ќе може да се избираат само од 11 судии, а седум колеги на Вангеловски треба да бидат изземени.

Во составот на комисијата за Вангеловски нема да влезат судиите од советот кои донесоа одлука за притворот на Кочан, поради која што е разрешен првиот човек на Врховен: Рахилка Стојковска, Џемали Саити, Фаик Арслани и Ристо Катавеновски. За Катавеновски се води и постапка за истиот предмет во Судскиот совет, а Рахилка Стојковска е исто така разрешена од функцијата. За неа, треба да биде формирана посебна комисија.

Во комисијата за разрешувањето на Вангеловски треба да се изземе и судијката Јелица Крстевска, бидејќи таа беше членка на Судскиот совет додека отпочна постапката за утврдување нестручно и несовесно вршење на функцијата за Јово Вангеловски.ж

Од 18 врховни судии во највисокиот суд, пет треба да бидат избрани во деветчлената комисија која треба да одлучува за жалбата на разрешениот претседател на судот, Јово Вангеловски.

Иззмени од гласање треба да бидат и судијките Лидија Неделкова, бидејќи со Вангеловски се пријавија меѓу себе во Судскиот совет поради нестручно и несовесно вршење на функцијата, како и Марија Матеска, која Вангеловски исто така ја пријави во Судскиот совет.

Неизвесно е дали во таа комбинација ќе влезе и Цветанка Периќ која завчера Судскиот совет ја избра за врховен судија.

Во комбинација за состав на комисијата остануваат судиите: Васил Грчев, Николчо Николовски, Мирјана Радевска Стефкова, Беса Адеми, Емилија Илиевска, Снежана Ѓорѓиевска Зекирија, Исамедин Лимани, Шпенд Деваја, Снежана Бајлозова, Стојанче Рибарев и Африм Фидани.

Јово Вангеловски пред два дена беше разрешен од функцијата претседател на Врховниот суд.

Оваа одлука ја донесе Судскиот совет и тоа со седум гласа „ЗА“.

Претседателот на Судскиот совет Кире Здравев рече дека судијата е разрешен поради нестручно и несовесно работење на функцијата.

Барањето за разрешување на Вангеловски беше поднесено пред повеќе од две години, поради одлуката со која му го укина притворот на Сеад Кочан, обвинет во случајот Труст и му овозможи бегство.

Вангеловски првиот мандат како претседател на Врховниот суд го доби на 17 јули 2008 година, само неколку месеци откако дојде на функцијата врховен судија. Претходно работеше како како адвокат и немаше ниту еден ден судски стаж. На чело на Врховен остана до 2012 година, а втор пат за претседател беше избран на 13 март 2017 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести