Коалицијата „Албански форум” на вчерашните избори во Туз освои повеќе од 47 отсто од гласовите, со што обезбеди 16 места во 32-члениот совет на општината.

Објавил: Македонка Димкин | 4 март, 2019 16:18

Сеалбанска победа во Црна Гора, Албанците освоија општина!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Лидерите на косовските институции ѝ ја честитаа на коалицијата на политичките партии на Албанците во Црна Гора, „Албански форум“, победата на локалните избори во новоформираната црногорска општина Туз.

Ова е најсвеж доказ за тоа што можат да постигнат Албанците кога се обединети околу еден идеал, напиша Тачи на Фејсбук.

» Претседателот на Косово, Хашим Тачи оцени дека „победата во Туз е сеалбанска победа“.

Претседателот на Собранието, Кадри Весели рече дека вчерашната победа на Албанците во Туз е „порака за сите Албанци, каде и да се“.

» Претседателот на Собранието, Кадри Весели рече дека вчерашната победа на Албанците во Туз е „порака за сите Албанци, каде и да се“.

Обединетата коалиција на албанските политички субјекти се избори за правото да го води Туз. Одличен пример дека единството на албанскиот фактор носи успеси. Честитки за Албанците од Туз за оваа историска победа, напиша Харадинај

Премиерот Рамуш Харадинај, исто така, оцени дека обединување на албанските субјекти во Туз претставува одличен пример за тоа дека единството носи успеси.

» Обединетата коалиција на албанските политички субјекти се избори за правото да го води Туз. Одличен пример дека единството на албанскиот фактор носи успеси. Честитки за Албанците од Туз за оваа историска победа, напиша Харадинај.

Слични пораки и честитки до Албанците во црногорскиот планински регион Малесија упатија и вицепремиерите Беџет Пацоли, Фатмир Лимај и Енвер Хоџај, како и лидерите на политичките партии, граѓански здруженија и личности од јавниот живот во Косово.

Коалицијата „Албански форум” на вчерашните избори во Туз освои повеќе од 47 отсто од гласовите, со што обезбеди 16 места во 32-члениот совет на општината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.