Најнови информации

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 јануари, 2022 5:32

Сеизмолошката опсерваторија на ПМФ: Земјотресот што се случи во 22 часот и 43 минути e со Рихтерова магнитуда ML5.6

Фото/Текст извор: ©магазин

Сеизмолошкота опсерваторија на ПМФ го регистрирала вечерашниот земјотрес.

Го пренесуваме нивното соопштение во целост:

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, 9.1.2022 година, регистрира серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 130km јужно од Скопје во соседна Грција во околината на Лерин.

Првиот земјотрес кој се случи во 22 часот и 43 минути беше со Рихтерова магнитуда ML5.6 а беше најсилно почувствуван од населението во југозападниот дел на Републиката и тоа со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала.

Во централниот дел од Републиката беше почувствуван со интензитет од IV степени а во Скопје и околината со интензитет од III – IV степени според истата скала.Вториот почувствуван земјотрес беше во 22 часот и 53 минути со Рихтерова магнитуда ML4.2 а беше почувствуван од населението во југозападниот дел на Републиката со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Според досегашните податоци овие земјотреси освен мала вознемиреност кај населението не предизвикаа материјални штети“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјотрес

Министерството за надворешни работи изразува сочувство за жртвите од катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко со епицентар во провинцијата Ал Хауз, југозападно од Маракеш.

Двајца македонски државјани евакуирани во Мароко по катастрофалниот земјотрес

Двајца македонски државјани се евакуирани и моментално се наоѓаат во камп во Маракеш. Министерството...

Од првичните извештаи на сеизмолозите епицентарот е на длабочина од два километри во близина албанскиот град Клос со магнитуда од 4,8 степени.

Земјотрес почувствуван во Битола, епицентарот е во Албанија

Битолчани, вчера вечер во 22:37 часот почувствуваа земјотрес кој најмногу ги вознемири...

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри источно од Римини, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Нема информации за жртви.

По првиот удар, неколку помали земјотреси се забележани во централна Италија и во Јадранското Море, недалеку од италијанскиот брег. Земјотресот бил почувствуван и во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Порталот 24сата.хр наведува дека земјотресот бил почувствуван и на хрватското приморје и во Словенија.

„Креветот се тресе на сите страни, десет секунди имаше силно тресење, галебите вознемирени“, изјави за порталот читател од Задар.

Силен земјотрес во Италија, се почувствувал и во Хрватска

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри...