"Добиваме илјадници апликации за лов на гризли мечки, но се доделуваат само 27 дозволи„

Објавил: Перо Милчин | 25 февруари, 2020 15:17

Се е можно кога татко ти е претседател: На синот на Трамп му е дозволемо да лови ГРИЗЛИ на Алјаска

Фото/Текст извор: ©Donald Tramp Džunior, Foto: Profimedia магазин.мк

Доналд Трамп Јуниор, син на американскиот претседател Доналд Трамп, му е дозволено да лови гризли во северозападна Алјаска, соопштија локалните власти.

Тој е едно од трите лица што барал дозвола да ги лови овие моќни и опасни животни.

“Добиваме илјадници апликации за лов на гризли мечки, но се доделуваат само 27 дозволи„

Кој ќе добие дозвола е случајност, рече Еди Грејзер, директор на Одделот за риби и животински свет на Алјаска.

Доналд Трамп Џуниор, синот на Доналд Трамп, според најновите информации се разведува. Неговата сопруга Ванеса поднела документи за спогодбен развод без правна битка за старателство над децата и поделба на имотот пред судот.

Трамп Јуниор мора да плати 1.160 долари за лиценци и даноци, така што тој ќе има право да го убие гризли. Тој често оди на лов, па објавува фотографии од своите експедиции на Интернет.

Трамп Џуниор откако неговиот татко стана претседател на САД целосно ја презеде компанијата наречена Трамп Организација која се занимава со голем број на бизнисни, од недвижности до продавање на алкохолни пијалоци и пред се брендирање на секаков можен производ или објект со името ТРАМП. 

Трамп Џуниор е под истрага на Специјалниот јавен обвинител на САД за организирање на состанок со руски официјални лица и за можна поврзаност со руските служби намерно или не за добивање на информациии за наводни скандали на Хилари Клинтон во текот на кампањата.
Синот на Трамп исто така често се појавува на политички митинзи на Републиканската партија, како и на митинзи на неговиот татко, а има остварено и средба со индискиот премиер Наренда Моди што беше жестоко критикувано од политичката јавност во САД.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.