Спасовски преку Фејсбук се заблагодари на довербата и поддршката, а напиша и дека има само една желба.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 декември, 2019 10:15

Се огласи Спасовски: Имам само една желба, што пократко да бидам премиер!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако вчера Централниот и Извршниот одбор на СДСМ одлучија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да биде технички премиер во ида ја води владата 100дена до избори, заклучно од 3 јануари 2020 се огласи и новоизбраниот премиер.

Спасовски преку Фејсбук се заблагодари на довербата и поддршката, а напиша и дека има само една желба.

Мојата желба е да бидам што пократко на таа позиција за што побрзо да се врати претседателот Зоран Заев. Одиме на победа!, порача Спасовски.

Ново избраниот премиер Оливер Спасовски се огласи на својот Фејсбук профил…

Инаку вчера по завршување на состанокот на Централниот одбор Заев рече дека техничката влада е гаранција за фер и демократски избори но дека таа има обврска и да ги продолжи проектите на владата и реформите.

„Овие кадровски решенија покажуваат дека сме сериозни. Тоа се пофесионалци кои ќе го истуркаат целиот процес на прав пат, а веруваме дека се и гаранција за слободни, фер и демократски избори, на овој начин власта покажа дека сериозно сака да учествува во тој процес и дека единствена цел и е демократскиот капацитет, затоа и кажувам дека на овие избори влегуваме како фаворити“, рече Заев.

Заев потврди дека избори на 12 април ќе има и дека на трети јануари ќе ја депонира својата оставка, по што му се отстапува место на техничкиот премиер да ја достави листата на министри за формирање на техничка влада.

„Одлагање на изборите нема. Јас на трети ќе ја поднесам оставката во Владата, треба парламентот да ја констатира оставката и со тоа паѓа целата Влада. Истиот ден, претседателот Стево Пендаровски треба да му даде мандат на Оливер Спасовски којшто треба да ја предложи новата Влада и парламентот да ја изгласа новата Влада“, рече Заев.

Тој додаде дека за една изборна единица може да се ослучува до 12 февруари, односно 60 дена пред изборите додека работи парламентот. Заев вели дека СДСМ не се откажуваат од ова прашање и дека истото ќе биде отворено уште утре.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести