Според информациите од Обвинителството, вториот дел од истрагата нема да завршува следниве недели.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 октомври, 2019 12:30

Се открива вистината: Во мобилниот на Боки 13 фатена вибер порака од осомничена која напишала 3.000, 5.000, 10.000!

Фото/Текст извор: ©сдк

Обвинителството за организиран криминал и корупција за истрагата „Рекет“ има во раце вибер пораки испратени од една од осомничените за измамите од Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски-Боки 13 со суми: 3.000, 5.000, 10.000 и други суми со заокружени бројки илјади, најдени во неговиот мобилен телефон.

Обвинителството, како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, претпоставува дека се работи за илјади евра и ќе истражува со која цел осомничената ги напишала и му ги испратила токму на првоосомничениот Боки 13.

Дека вештачењето на мобилниот телефон на Боки 13 е ризница од готови податоци што ѝ требаат на истрагата, покажа и случајот со поранешната Специјална обвинителка Катица Јанева во првиот дел од истрагата, кој веќе резултираше со обвинение. Токму со вештачењето на овој телефон, била откриена сумата од 50.000 евра која Јанева ја зела од милионот и пол евра што ги зел Јовановски од Орце Камчев, за да му ја олесни положбата во истрагата „Империја“, кај што е првоосомничен за перење пари.
За истата осомничена, како што дознаваме од истрагата, има тврдење од оштетен бизнисмен кој му дал неколку стотини илјади евра на Меѓународниот сојуз, дека никогаш не би му дал баш на Боки 13 пари, ако таа не била присутна и не седела до него буквално на сите средби и убедувања да ги инвестира таму своите пари.

Според информациите од Обвинителството, вториот дел од истрагата нема да завршува следниве недели. Наредните денови ќе се истражуваат наодите на Управата за јавни приходи, која минатава недела најави три кривични пријави за затајување данок од фирмите поврзани со првоосомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски. УЈП открила затајување данок во БМЈ груп, Меѓународен сојуз и Томато продукција, а контрола извршила и во 1ТВ.
Во Меѓународниот сојуз, чиј претседател беше Боки 13, УЈП при контролата забележала дека не се приложени документи за ваучерите за одредени семејства за кои биле исплаќани средства со што бил сокриен приходот.

Инспекторите откриле договор меѓу Јовановски и компаниите „Дрим Билдинг“ и ГП „Пелистер“ за изградба на Европски комплекс, а парите кои требало да ги добие Сојузот, биле префрлени на физички лица односно на личните сметки на осомничените Јасна Мандиќ (потпретседател на Сојузот) и пензионерката Лилјана Тодоровска.
Во БМЈ Груп, УЈП при контролата забележала префрлање на пари од 1ТВ за набавка на опрема, но не била издадена фактура со што не бил пресметан данок. БМЈ Груп не евидентирале фактури и за концертите на Северина и Марија Шерифовиќ со што не го искажале приходот и нема пресметка на ДДВ.
Инспектори на Управата извршиле контрола и во Томато продукција која за 4.000 евра месечна закупнина му го издавала објектот на Боки 13 за потребите на телевизијата. Во Томато, пак, нашле затајување на данок при побарувањата на сопственикот на Томато од сопственичката на земјиштето која му била сопруга без да и биде доставена фактура.
УЈП рече дека врши контрола во уште една фирма, која била поврзана со овие три фирми и дека ќе направи контрола на физичките даночни обврзници што работеле со овие фирми.
Во вториот дел од „Рекет“, кој се однесува на перење пари и измами од страна на Меѓународниот сојуз, осомничени засега се Јовановски, Мандиќ, нејзината секретарка и потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска – Ременски од СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски не смее збор да изусти!

ВМРО-ДПМНЕ: Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски...

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе – Обвинителен акт против едно физичко лице и Обвинителен предлог против правно лице кои се товарат за продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.

Жан Митрев може да добие затворска казна од 1 до 10 години

Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен...

Левица во својата политичка иднина има две битки, а првото полувреме е со СДСМ, вели лидерот на Левица Димитар Апасиев во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“.

Апасиев: Црвениот тефтер ни е полн, ништо не забораваме!

Јавно кажуваме дека нема да им биде простено на тие параполициски структури кои што...

Дел од гостите само се заблагодарија за поканата, а дел ја искористија можноста да кажат дека дошле за поддршка.

„Се надевам дека во иднина она што е нормално, да се отвораат клубови кои ќе поврзуваат, а ние имаме многу со бугарскиот народ и дека вакви ликови коишто не поврзуваат ќе бидат имиња и на бугарските клубови во Македонија, а не како сега да ги сфаќаме како провокација.“

изјави Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица.
На улицата пред клубот тешко можеше да се разликува кој е дојден за поддршка, а кој за провокација. Отспротива, без присутни помал број поддржувачи на бугарската ВМРО-БНД. Меѓу новинарите, пак, се појави човек што се претстави како наследник на Вапцаров и се обиде да му подари книга на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

„Тука се е напишано, особено на последната страница си е напишано, тоа е ракопис на Никола Вапцаров каде што пишува кој е, што е.

–Ќе ви дадам јас една книга од нашата македонска историја што ја напишал Никола Јонков Впацаров за Македонија и неговиот македонски иднетитет. Следниот пат ви ветувам ќе ви дадам книга“,

објаснуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

(ВИДЕО) Бугарскиот суд го затвора здружението што го отвори македонскиот клуб во Благоевград

„Во ликвидација“ – пишува во досието на Централниот регистар на Бугарија покрај...