Приближно 60 до 70 проценти од светската популација треба да се вакцинираат со цел да се запре ширењето на вирусот корона, објави здравствената организација!
Таквата проценка се заснова на неколку студии, рече Кетрин О’Брајан, шефот на одделот за вакцинација на СЗО, на прес-конференција во Женева!
Таа истакна дека потребната стапка на имунизација за оваа пандемија ќе стане појасна кога ќе се знае повеќе за вакцините што се тестирани досега, објави „Њујорк тајмс“.
„Навистина е важно да започнеме да добиваме повеќе информации“, рече претставникот на СЗО.
Покрај знаењето колку добро вакцините можат да спречат инфекција со ковид-19, се поставува прашањето дали на луѓето без симптоми им е потешко да го чуваат вирусот во носот и грлото и дали го отежнуваат ширењето на вирусот од една на друга личност, додаде О’Брајан.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.