Како што објавија тамошните медиуми, автобусот експлодирал во историскиот центар на Рим по краток електричен спој, за среќа никој не е повреден.

Објавил: Весна Петровска | 12 јули, 2019 19:19

СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО РИМ: Гореше автобус среде градот

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Експлозија денеска одекна среде Рим, експлодираше градски автобус.

Како што објавија тамошните медиуми, автобусот експлодирал во историскиот центар на Рим по краток електричен спој, за среќа никој не е повреден.

 

Неколку десетици туристи и случајни минувачи го гледаа автобусот откако ескплодираше денеска околу 10 часот. Од експлозијата се вклучиле алармите на другите возила во близината.

Оганот зафати фасади на неколку катови на една зграда во историскиот центар на РИм, недалеку од фонтаната Ди Треви и седиштето на премиерот.

Полцијата и градските власти отворија истрага за да се утврди причината на ескплозијата која ги исплаши граѓаните и случајните минувачи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.