Гордана Силјановска Давкова откако беше избрана за кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во Струга изјави дека законите треба да бидат во рамки на уставот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 февруари, 2019 19:40

Силјановска: “Не сум националист, јас сум за владеење на правото”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Јас не сум националист, јас ќе бидам за владеење на правото во Македонија.

Гордана Силјановска Давкова откако беше избрана за кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во Струга изјави дека законите треба да бидат во рамки на уставот. Таа рече дека е родена во турска куќа а од 10 години имала албанско побратимство, се надоврза дека со неа денеска се и студентите, генерации Власи, Турци, Роми…

Нејзиниот татко Александар Силјановски бил нејзина најголема инспирација за кандидатурата за претседател.

 Гордана Силјановска- Давкова во објава на Фејсбук, напиша дека нејзиниот татко Александар Силјановски бил нејзина најголема инспирација за кандидатурата за претседател.

Нејзиниот кој бил борец во НОБ и дел од македонско-косовската ударна бригада. Тој учествувал и во Февруарскиот поход, а има заслуга и за ослободувањето на Кичево. 

-Ова е Александар Силјановски (лево). Мојот татко. Тој е инспирацијата за мојата кандидатура. Александар во НОБ отишол на 19 години. Бил борец во Македонско-косовска ударна бригада, курир на Петар Брајевиќ, учесник во Февруарски поход и делегат на Младинскиот конгрес во Фуштани, Егејска Македонија.

На сликата носи 3 ордени. Едниот за ослободување на Кичево (прво ослободен град во Македонија) и два за битки во Февруарски поход. Александар се бореше за Македонска држава! Јас не отстапувам од неговиот пат!, напиша Силјановска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести