Трагикомично е членовите на Синдикатот на Македонски дипломати, кој пред две години протестираше против партизација, да поддржуваат партиски маршеви на СДСМ и ДУИ

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 септември, 2018 9:37

Синдикатот на македонските дипломати со марш за поддршка на референдумот?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Деновиве македонските дипломати добиваат и-мејл порака во која нивниот синдикат ги повикува на учество на неделниот граѓански собир за европска Македонија.

Собирот го организира коалицијата на владеачките партии и други здруженија Заедно за европска Македонија.

Пораката со која се известуваат членовите на Синдикатот на Македонски дипломати каде ќе се одржи настанот и каде да се информираат.

Во пораката, колешките и колегите се повикуваат да се придружат на граѓанскиот собир.

“Да излеземе во недела, на 16.09.2018 да маршираме за европска Макдонија! Маршот започнува во 13:30 часот пред  зградата на Црвениот крст и ќе се маршира до зградата на Европската Унија.

Во 14 часот пред зградата на ЕУ започнува официјалната програма на граѓанскиот собир. Повеќе информации на www.izlezi.mk.

Пораката е пратена од времениот извршен одбор на Синдикатот на македонската дипломатска служба.

Симтоматично е што Синдикатот на Македонски дипломати има партиски предзнак одамна.

Имено во 2016 година Синдикатот на македонската дипломатија пред Министерството за надворешни работи во Скопје, под мотото „Доста е!“, организираше предупредувачки протест поради напластените проблеми кои со години го уриваат рејтингот на македонската дипломатија.

Барајќи враќање на дигнитетот на дипломатската служба која, според нив, е се попартизирана, членовите на Синдикатот се заложија за репрофесионализација, со која би се намалил бројот на проблеми и скандали кои ги одбележија последните години.

Тогаш беше посочено дека протест на дипломатите е преседан во 53-годишното постоење на дипломатската служба, но професионалците во службата, донеле одлука за ваков вид на искажување на незадоволството, поради односот на челниците на Министерството за надворешни работи, кои не реагирале на барањата на ИО на Синдикатот за дијалог.

Трагикомично беше што Македонските дипломати имаа граматичка грешка во транспарентот на наместо “Дипломатска” служба гордо го носеа транспарентот на кој пишуваше “Дипломаткса“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести