Според очевидците, откако ги оштетил останатите возила и предизвикал сообраќајка, Г.Б. излегол од своето возило „масерати“ и со боксови ги нападнал присутните.

Објавил: Владо Марин | 23 јуни, 2020 4:37

Синот на Амди Бајрам пијан удрил во два автомобила на „Партизанска“, па тепал со боксови

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Вчеравечер на булеварот „Партизански одреди“, во близина на хотел „Карпош“, лицето Г.Б, син на политичарот Амди Бајрам, предизвикал верижен судар.

Тој, според очевидци, возел побрзо од пропишаното кога со својот автомобил удрил во две возила.

Синот на поранешниот пратеник бил во алкохолизирана состојба. Инцидентот го потврди МВР, од каде што велат дека е поднесена и пријава против возачот, објави Репортер!

Според очевидците, откако ги оштетил останатите возила и предизвикал сообраќајка, Г.Б. излегол од своето возило „масерати“ и со боксови ги нападнал присутните.

Неодамна на Амди Бајрам претседателот на политичката партија Сојуз на Ромите од Македонија (СРМ), му била извршена ампутација на едната нога.

„Имав ампутација на едната нога, ама ќе ставам протеза. Во политиката ммислам дека ќе се вратам. Сега ми треба малку време да закрепнам, но ќе се вратам“изјави Амди Бајрам.

Амди Бајрам е роден во Скопје и има завршено средно трговско училиште, а извесно време бил генерален директор на текстилното претпријатие „Шутекс“.
Бајрам во 1994 станал пратеник во Собранието на Република Македонија како член на Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), но до крајот на мандатот работел како независен пратеник
.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...