Синот на Џорџ Сорос, Александар на Твитер објави фотографија од средбата со македонскиот премиер Зоран Заев.

Објавил: admin@magazin | 31 август, 2019 15:20

СИНОТ НА ЏОРЏ СОРОС И ЗАЕВ ВО ДРУЖБА: “Поминав одлично време со премиерот ЗАЕВ”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Синот на Џорџ Сорос, Александар на Твитер објави фотографија од средбата со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.

„Одлично потрошено време со премиерот @Zoran_Zaev, разговаравме за неискористениот економски потенцијал на Северна Македонија и за зајакнување на регионалната соработка во корист на сите северно македонски граѓани“, напиша Александар Сорос на Твитер.

Џорџ Сорос е унгарско-американски тајкун инвеститор, филантроп, политички активист и автор.Тој е претседател на Сорос Фонд Менаџмент. Познат е како „Човекот кој ја урна Банката на Англија“ поради неговата кратка продажба на 10 милијарди долари вредни британски фунти, притоа остварувајќи профит од 1 милијарда долари за време на британската валутна криза во 1992 таканаречена „Црна среда“.

Џорџ Сорос роден на 12 август 1930) — унгарско-американски тајкун, инвеститор, филантроп, политички активист и автор.

Сорос е еден од 30. најбогати луѓе во светот.
Сорос е познат поддржувач на американските прогресивни и американските либерални политички цели.Помеѓу 1979 и 2001 Сорос донирал повеќе од 11 милијарди долари за различни филантропски цели.

Тој играл значајна улога во мирната транзиција од комунизам во капитализам во источна Европа помеѓу доцните 1980. и 1990. години и има дадено голема финансиска поддршка во полето на образованието на Централно-европскиот универзитет во Будимпешта.

Сорос исто така е претседател на фондациите Отворено Општество.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести