Кариерата на министерот за здравство и сите луѓе на Венко Филипче поврзани со фармацевстката индустрија

Објавил: Мартин Попоски | 16 август, 2018 13:41

Сите луѓе на Венко Филипче во македонското здравство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Неврохирургот  Венко Филпче министер за здравство. По четири месеци натегања меѓу коалиционите партнети Филипче беше избран на предлог на премиерот Зоран Заев.

Филипче е роден на 13-ти јуни 1977 година. Медицински факултет завршил во 2001 година во Скопје а потоа специјализирал неврохирургија.

Во неговата биографија пишува дека одлично зборува англиски јазик.

Ангелчо Андоновски – директор на Клиниката за детски болести “Козле” чија сопруга е сопственик на веледрогеријата “Фарманс МН”.

Една година се усовршувал на Универзитетот Колумбус како и во Дејтон Охајо и тоа од областа на неврохирургијата. 

Се едуцирал и во Цирих како и во Љубљана – Истанбул и Белград во областа на ендоваскуларни техники во неврохирургија.

Според неговите колеги Филипче е пионер во областа на невроваскуларните техники при третман на васкуларни аномалии на мозок.

Во моментот е доцент на Катедрата за хирургија на Медицинскиот факултет.

Венко Филипче пред да биде назначен за министер беше советник за здравство на премиерот Зоран Заев.

Но јавноста го памети и како национален советник на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров чии политики доживеаја дебакл и беа критикувани во јавноста.

Филипче не го криеше тоа и се појавуваше со Тодоров јавно на прес конференции.

Христијан Костов директор на “8-ми Септември” чиј “дедо” по сопруга Стојмир Петров е сопственик на веледрогеријата “Елбијор”.

Премиерот Заев никогаш не објасни по која основа го зема за советник неврохирургот кој важи за врв во својата област но учествуваше во едни лоши политики во здравството и го советуваше неговиот претходник од друга политичка структура.

Но затоа пак во интервју во Ноќно студио на Телма објасни дека довербата на министер му ја дава затоа што верува дека тој има визија за реформите дека бил низ свет и знае како функционираат здравствените системи дека е млад и пред него е можноста за докажување но и доколку не си ја исполни мисијата ќе биде сменет како и останатите.

Македонската јавност неврохирургот Филипче го памети и како член на професорскиот Контра пленум.

Тој изминатиот период се правдаше дека не знаел што потпишува бидејќи како што изјави во медиумите специјализант му подметнал лист за да стави свој потпис за наводно некои реформи на Медицинскиот факултет.

Иван Барбов директор на Клиниката за неврохирургија кој е условно осуден на 2 години затвор.

Филипче тогаш не излезе да демантира дека не е член на професорскиот Контра пленумот.

Токму заради ова неговото назначување предизвика негодување и бура од реакции во јавноста.

Филипче потекнува од познато семејство на лекари.

Неговиот татко Илија Филипче исто така беше министер за здравство од Социјалистичката партија во периодот од 1994 до 1997 година кога и си поднесе оставка.

За него се врзува голема афера со препакување на лекови со поминат рок.

Периодот на министерување на таткото на актуелниот министер беше еден од најжешките периоди од  осамостојувањето до денес а заврши неславно за повереникот за здравство на Бранко Црвенковски дури откако лекарите и професорите на Медицинскиот факултет почнаа со име и презиме да излегуваат против неговите политики.

Христијан Дума директор на Клиниката за очни болести кој е син на Виолета Дума која беше член на ДИК од СДСМ.

Во тој период на македонското здравство му се случи роднинско пријателски- кумовски потрес во кој на сите раководни позиции беа поставувани роднини и блиски пријатели на семејството.

Братот на Илија Филипче Добре Филипче беше поставен за претседател на Комисијата за лекови.

Во тој период беше формиран Централниот магацин преку кој се снабдуваа аптеките со лекови.

Од тој период е прочуената афера со препакување на антибиотици со поминат рок.

Во тоа,преку неговата веледрогерија но и во креирањето на политиката во здравството му помогна Сади Беџети универзитетски професор ректор на Тетовскиот Универзитет и градоначалник на Тетово во периодот од 2009 до 2013 година.

Софија Пејкова директор на Клиниката за пластична хирургија чиј свекор Коле Пејков е сопственик на веледрогеријата “Адријалаб”.

Подоцна уште еден скандал ја потресе јавноста за наводен шверц на пари кога Добре Филипче подоцна бил фатен со торба со голема сума на пари на словенечката граница.

Токму заради минатото на неговото семејство и багажот кој останал како белег од некои минати но не и заборавени времиња но и заради себе познатиот и признат неврохирург ќе биде под будното око на јавноста.

Името на неврохирургот Венко Филипче се вртеше со денови  наназад за нов министер за здравство.

Копјата се кршеа внатрепартиски со уште неколку други кандидати а Алијансата на Албанците до последен момент тврдеа дека нема да се откажат од ова место за кое велат дека им припаѓа на нив.

Венко меѓу овие петмина ги има и Даниел Ѓурчинов директор на Клиниката за Рентгенологија кој му е братучед на министерот.

Потоа Ирина Пановска Ставридис директор на Клиниката за Хематологија чиј татко Златко Пановски е сопственик на веледрогеријата “Др. Пановски“.

Последен е Жан Зимбаков директор на Клиниката за кардиологија чија мајка Даница Зибакова е акционер и финансиски директор на “ФармаЛек” чиј син – брат на Зимбаков – Лорен Зимбаков е сопственик на “Провидент“.

Има ли Венко Филипче кредибилитет да го раководите ресорното министерство или ќе заврши неславно како и неговиот татко на штета на пациентите и македонскиот здравствен систем.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика