Најново метео

Објавил: admin@magazin | 11 декември, 2021 12:46

СИТЕ ЈА ОЧЕКУВАТЕ: СЕЗОНСКА ПРОГНОЗА ЗА ПРЕТСТОЈНАТА ЗИМА – ДАЛИ ДА ОЧЕКУВАМЕ МНОГУ СНЕГ?!

Фото/Текст извор: ©магазин

Според најновите анализи со кој располагаме со помош на најнпрецизните метеоролошки модели, претстојната зима во Македонија во поглед на температурите ќе биде просечна, што значи се очекуваат нормални температури за тој период од годината.

Потопол за околу 2 степени ќе биде месец Јануари, односно првиот зимски месец.

Повремено можни се и изразени продори на студени воздушни маси со потекло од Арктикот кој би условиле потпросечни температури на воздухот во текот на месеците Јануари, Февруари и Март.

Што се однесува пак до врнежите, истите би требало да бидат потпросечни, односно се очекуваат помалку врнежи за разлика од изминатите години. Во текот на сите три зимски месеци врнежите ќе бидат потрпосечни, но тоа не значи дека нема да има снег.

Повремено во текот на сите три зимски месеци можни се изразени циклонски системи кој би условувале ИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд и снег и снежна покривка насекаде низ Македонија.

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за сезонска анализа на времето, големи се условите да се случат промени во истата. Затоа граѓаните редовно да ги следат нашите пократкорочни анализа на времето и ќе бидат навремено информирани за секоја ново – настаната временска состојба.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...