Трите предлог Уставни измени пресликани во амандмани за кои Канческа Милевска преговараше 11 дена со Заев во целост се содржани во Преспанскиот договор како витални членови

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 ноември, 2018 14:37

Скандал: Барањата на Канческа Милевска веќе се дел од Преспанскиот договор

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И Зоран Заев и Канческа Милевска преговараа 11 дена за уставни измени, кои правно и технички се составен дел од Преспанскиот договор.

Имено денес помпезно беше најавено дека предлозите на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата „За подобра Македонија“ Владата ќе ги вгради во нацрт-текстот на амандманите што денеска треба да ги достави до Собранието.

Координаторката на пратеничката група Елизабета Канческа Милевска на прес-конференција соопшти дека се известени од Владата дека нивните предлози се прифатени.

Кои предлози?

Предлог амандман 1:  

Прифаќање на амандман на Уставот со кој ќе се гарантира македонскиот идентитет

Преспански Договор, Член 7, став 1,2, и 3:

1. Страните прифаќаат дека нивното односно разбирање на термините „Македонија“ и „македонски“ се однесува на различен историски контекст и културно наследство.

2. Во однос на Првата страна, овие термини ја означуваат не само областа и народот во северниот регион на Првата страна, туку и нивните одлики, како и елинската цивилизација, историја, култура и наследството на тој регион од антиката до денешен ден.

3. Во однос на Втората страна, овие термини ја означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со нивната сопствена историја, култура, и наследство кои се особено различни од оние кои се наведени во членот 7, став (2). 

Предлог амандман 2: Прифаќање на одредба на Уставот со која ќе се гарантира дека доколку Република Грција не го ратификува договорот и повторно ги попрече евро-атланските интеграции на Република Македонија, ќе има безусловно поништување на сите прифарени уставни амандмани кои произлегуваат од имплементацијата на договорот од Преспа

Преспански Договор, Член 20, став 4:

4. Членот 8, став (5) ќе се применува привремено до влегувањето во сила на оваа Спогодба. Доколку оваа Спогодба не влезе во сила, оваа Спогодба, во целост и секоја нејзина одредба поединечно, нема да имаат никакво дејство или примена, ниту привремена, ниту било каква друга и истата нема да на било кој начин да ја обврзува било која од Страните.

Предлог амандман 3:

Повремена промена на името за внатрешна употреба, следејќи го процесот што води кон полноправно членство на РМ во ЕУ

Преспански Договор, Член 1, став 10:

10. Во однос на важноста на веќе постоечките документи и материјали издадени од властите на Втората страна, Страните се согласни да има два преодни периода, еден „технички“ и еден „политички“:

а) „Техничкиот“ преоден период се однесува на сите официјални документи и материјали на јавната администрација на Втората страна за меѓународна употреба и за документите за внатрешна употреба, но кои може да се користат и надвор од државата. Важноста на ваквите документи и материјали ќе се обновува во согласност со името и термините наведени во членот 1, став 3 од оваа Спогодба, најдоцна во рок од пет години по влегувањето во сила на оваа Спогодба.

б) „Политичкиот“ преоден период ќе се однесува на сите документи и материјали, коишто се исклучиво за внатрешна употреба во Втората страна. Издавањето на ваквите документи и материјали кои се опфатени со оваа категорија во согласност со членот 1, став 3 ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш.

Што преговараа Канческа Милевска и Заев 11 дена?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести