Пример за несовесно обавување на општествено значајна позиција и злоупотреба на службена должност.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 27 февруари, 2020 11:38

СКАНДАЛ ВО КОЧАНСКО УЧИЛИШТЕ: Директорот поставувал камери и снимал малолетни деца

Фото/Текст извор: ©магазин

Гоце Савевски е сопственик на фирма за вградување и инсталирање на камери. Во исто време додека се занимава со својот бизнис, Савевски има уште една општествено значајна улога. Тој е директор на СОУ „Гошо Викјентиев“. Директорската позиција во рамките на едно училиште е сериозна работа која бара посветеност. Особено директорите поради тоа што имаат управни функции мора да се занимаваат со сите аспекти од педагошко-дидактичкиот процес кој се случува внатре училиштето.

Ова е само еден аспект на незадоволените стандарди за функционирање во училишта.

Поради тоа што Савевски е директор на средно училиште неговата одговорност кон учениците и педагозите е уште поголема бидејќи станува збор за деца кои се во период на пубертет и адолесценција. Образованието и воспитанието на децата во овој период е секако отежнат процес поради психичките процеси на еманципација на личноста и самопотврдувањето кои ги опфаќаат промените и случувањата во пубертетот и адолесценцијата.

Во овој период децата исто така ги градат своите навики, естетички капациети, ставови, забрзан е кај нив телесниот и когнитивниот развој па поради тоа од исклучителна важност е да бидат опкружени со пред сè здрава животна околина, а потем и со нормални социјални услови за функционирање. Аранжирањето на просторот е значајно од аспект што придонесува за создавање на менталната слика кај децата за тоа како треба правилно да биде дизајниран просторот од функционална гледна точка, а потем и од естетска. Во исто време социјалното опкружување е доста значајно за градење на понатамошни односи и етаблирање на круцијалните вредности од заедницата.

Гоце, ако Европска Македонија изгледа како и твоето училиште, тогаш ние не сме „ЗА“.

Сепак, некои педагози и директори не ја разбираат својата улога на овој начин, за нив директорската позиција е само услов за можност за развој на нивниот приватен бизнис

Таков пример е горенаведениот Гоце Савевски кој го искористил буџетот на училиштето „Гошо Викјентиев“ за покривање на трошоци кон својата фирма кои произлегуваат од инсталирање на камери во училиштето. Во исто време додека по ќошевите на училиштето висат камери од секоја страна кои снимаат малолетни деца, подовите на училиштето се во распад и училниците немаат елементарни услови за функционирање.

Со овој гест Гоце Савевски направил неколку престапи:

  1. Злоупотреба на службена должност и конфликт на интереси со тоа што го употребил буџетот на училиштето за набавување на апарати и услуги од компанијата чиј сопственик е.
  2. Инсталирал камери на јавен објект што не е противзаконски, но е апсолутно не потребно и од безбедносна страна, но и од аспект на тоа што најчестите кадри се со деца кои се малолетни и чија слобода и однесување се ограничува. Со поставувањето на камери што е механизам и на контрола децата се насочуваат на погрешен начин, разбирајќи ја камерата и другите контролни механизми како нормална појава. Така се создаваат собмисивни и послушни луѓе кои се склони кон конформизам.

Како медиум не би сакале да навлегуваме во оправданоста токму овој човек да биде на директорската позиција. Но со оглед на тоа дека постојат јавно достапни докази за неговото политичко и партиско определување, ќе ви предочиме само една фотографија која можете да си ја протолкувате сами. Дали поради ова фотографија токму Гоце Савевски е директор на училиштето или поради својата компетентност и стручност, останува да процените сами. 

Автор: Стојмановиќ Магдалена 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...