Дали генералната секретарка на Собранието со пари на граѓаните е на сафари во Кенија ?

Објавил: Данаил Михајловски | 14 ноември, 2019 10:22

СКАНДАЛ: Ген-секот на Собранието Цветанка Иванова на државен туризам во Кенија ?!

Фото/Текст извор: ©магазин

Генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова е на службено патување во Кенија на Меѓународна Конференција за население и развој во во Најроби, Кенија која ќе се одржи од 12-14 ноември ?!Магазин дознава дека на истата оваа конференција присуствува и сопругата на Претседателот Стево Пендаровски, за која знаеме дека во јавноста е активна во хуманитарни акции поврзани со оваа тема. 

Цветанка Иванова беше прозвана во јавноста и за тоа дека нејзината снаа од син, Билјана Иванова е фаворизирана за судија  при претстојниот избор во Академијата за судии и јавни обвинители. Токму струмичките релации Иванова-Рашковски би требало да  овозможат Цветанка да има снаа судијка. 

Оваа туристичка авантура на Цветанка Иванова не би била од јавен интерес, ако не постоеја неколку дилеми на кои треба да одговори Собранието и самата таа.

Прво, зошто Собранието на Република Македонија во согласност со веќе воспоставената пракса, не објавува по кој повод ген-сек на Собранието е на конференција во Кенија ? Која е потребата претставник на Собранието да учествува на самит на ОН на кој што присуствуваат владини претставници и тоа на тема за кој Собранието на Република Македонија нема никаква надлежност.

Генералната секретарка Цветанка Иванова која не е присутна во Собранието веќе 10-тина дена, е во период кога на дневен ред се битни закони, и Собранието влегува во предизборна фаза ако веќе се знае дека од 3 јануари ќе стартува техничката влада. Заедно со Иванова во топлата и црна Кенија најверојатно се и пратеничките на СДСМ Јагода Шахпаска, како и Лилјана Поповска од ДОМ, чии трошоци исто така ги покрива Собранието на Македонија, со буџетските пари собрани од даночните обврзници.

Ова задоволство на Иванова ќе ги чини граѓаните околу 2000 евра.  На име дневници, Цветанка Иванова од Собранието би наплатила околу 1000 долари за туристичкото-службено патување во Кенија, ако се има предвид дека дневницата за престој на службено лице е 108 долари во главниот град на Кенија, Нјароби. Тука би требнало да се се пресмета и повратниот билет билет до Најроби, Кенија кој изнесува околу 1000 евра. Плус 2000 евра за пратеничката Шахпаска, како и 2000 евра за пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ, плус 2000 евра за асистентот од Собранието кој е во нивна придружба. Се на се, едно патување кое може да се нарече конференциски туризам, ќе го чини Собранието околу 8.000 евра пари на граѓаните.

Собранието во согласност со декларираната транспарентност не само што нема објавено за екскуризијата на Цветанка Иванова, јавноста нема информации и колку лица се во нејзина придружба.  Со оглед на тоа дека актуелната власт често ја истакнува алатката за отчетност за трошењето на фунцкионерите, јавноста го чека одговорот дали и ген-секот на Собранието Иванова ќе објави по кој повод и на чиј трошок ја посетила егзотичната земја Кенија ? 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...