Основниот суд 1 во Скопје станува синоним за инциденти. Заканите, навредите и уцените кон вработените, на неистомислениците со ,,тајфата” на Џолев преминуваат во пракса.

Објавил: Едмонд Бекири | 11 април, 2019 18:03

СКАНДАЛ: Горан Стаменкоски советник на премиерот со закана кон вработена во судот!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Продолжува агонијата во Кривичен. Наместо да делат правда, тие се пример за неправда во земјава. Горан Стаменкоски советник на пермиерот Зоран Заев и близок до актуелнииот претседател на судот Иван Џолев вербално претел на вработена во судот!

Основниот суд 1 во Скопје станува синоним за инциденти. Заканите, навредите и уцените кон вработените, на неистомислениците со ,,тајфата” на Џолев преминуваат во пракса.

До нашата редакција пристигна допис од извор (кој ужива потполна заштита Кривичниот суд Скопје 1 која сведочи за нападот кој врз неа денеска го извршил Горан Стаменковски советникот на Заев во судството и близок соработник на претседателот Иван Џолев.

Дописот кој дојде до нас:                                                                    Од В.Т Судска Полиција до претседателот на овој суд: Ве известувам дека денес 11.04.2019 година во 11. 4 на моето работно место службен влез во старата зграда на кривичниот суд бев вербално нападната од лицето Горан Стаменсковски, шеф на човечки ресурси поставен од ваша страна, кој што влезе многу агресивно и нападно во мојата канцеларија., притоа не гледајќи дека во просторијата имаше присуство на судија на кривичен суд, излезена на пауза од судница 1 и ме нападна веднаш со зборовите „што си ти, ќе видиш што ќе ти направам, заборави веќе на работата, само ако те нема на работното место. Притоа обраќањето беше на висок тон, а јас му реков „потивко малку„ има судија присутен, културно однесувај се. А налутен бил што не сум отворила врата на предниот влез, кај што е заклучена вратата и побарал преку Зоки уверенија за да ми каже да ја отворам вратата, и му одговорив дека да дојде од страна е влезот, не од таму, затоа упадна насилнички. Се надевам дека во иднина ќе се однесува крајно културно и во согласност на работното место.11.04.2019 Со почит В. Т

На вработената В.Т во Судска полиција, лицето Горан Стаменкоски кој е шеф на човечки ресурси, насилнички и влегол во нејзината канцеларија и со погрдни зборови пред судијата ја навредил и и упатил закани „да заборави повеќе на работата„ ако ја нема на работното место. 

И додека нашата редакција го поготвуваше овој текст до нас пристигна уште една реакција дека дотичниот Горан Стаменковски, вербално и се заканувал и на една од хигиеничарките со иницијали Б.А. Вработените велат имаат страв и незнаат што ќе се случи со нив а се плашат секако и за нивните работни места.

Стаменковски е познат по вакви истапи, но се толерира поради неговата блискост со претседателот на судот Иван Џолев

Горан Стаменковски и е познат на јавноста кога во Основниот суд 1 во одделот за прекршоци упаднал во судница на судија и почнал да му се заканува. Настанот се случил во судницата на поранешниот претседател на судот Владимир Панчевски, а лицето кое го нападнало е токму Горан Стаменковски, раководител во судот и еден од луѓето блиски соработници на актуелниот претседател Иван Џолев.

По скандалот интервенирала и полицијата. Бил известен и дежурен обвинител, од каде било добиено известување дека нападнатиот судија може да го гони напаѓачот по приватна тужба, иако нападот е во судница во службени простории на судија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...