Боли кога ќе засакаш песна , пејач и после дознаваш тој ја украл и ја претставувам како своја. „Ако не те сакам„ песната која Владо ја исфрлил уште во 2004 е од Масимо Раниери

Објавил: Едмонд Бекири | 17 март, 2019 23:50

Владо Јаневски пејачот со украдена песна на јубилеен концерт!

Фото/Текст извор: ©магазин

Владо Јаневски  со прес-конференција на која го најави својот јубилеен настап во арената, со кој одбележа 25 години  музичка кариера. 

» Јас сум еден од ретките Мохиканци кои собрале храброст да одржат концерт во СРЦ „Борис Трајковски“, рече Владо

Владо Јаневски (роден на 27 ноември 1960 во Скопје), познат и како Владо, е македонски пејач, тој е активен како пејач и текстописец дури  од далечната 1978 година. Во 1998 година тој победи на прелиминарните избори во Македонија во натпреварот за избор на песна на Евровизија во 1998 година со текстот напишан од него  “Не зори зоро” и музика на Григор Копров .Тој треба да биде прв претставник на Македонија на Евровизискиот натпревар. Владо го достигна 19 место во Бирмингем од  вкупно 25 учесници.

Јаневски пеејќи ги своите триесетина познати рефрени, направи пресек на изминатите години и докажа дека не попусто е еден од ретките пејачи кај нас, кој живее исклучиво од и за музиката. Можеби некои во публиката останаа разочарани зошто не беше исполнета „нивната“ песна, но веруваме, немаше посетител кој не запеа со Владо, и не заигра на познатите тактови на неговите хитови.

Во публиката имаше повеќе припаднички на женскиот пол, а уште од самиот старт, со првите тактови на „Напрај место, слатка сестро“ беше јасно дека добрата атмосфера е повеќе од загарантирана.

Владо, признал дека четири години пауза од првиот концерт во салата „Борис Трајковски“ се многу долг период, па во иднина нема да чекал толку долго за повторна средба со скопјани, но и со негови обожаватели од цела Македонија.


Владо Јаневски беше еден од учесниците што  требаше да ја забавуваат македнската публика по повод промената на името во „Северна„ како влезот во Нато и Европската Унија , но тогаш неговиот концерт доживеа дебакл.. Сепак Јаневски треба да биде среќен поради околностите што Македонија не е во ЕУ , бидејќи таму плагијатот дебело се наплаќа и  тоа без пардон

Владо е познат за тоа вели еден наш соговорник, тоа е јавна тајна дека „човекот е плагијатор„

Архива Јули 2018

Музичката редакција на Магазин откри голем музички  СКАНДАЛ. Имено до скоро популарниот пејач Влатко Јаневски ја присвоил песната од Massimo Ranieri “Perdere l’amore” (Ја изгубив љубовта), И си ја објавил како своја под наслов “Ако не те сакам”.  Оваа песна на популарниот италијански пејач Массимо Раинире има 29 милиони прегледи на Јутубе и е повеќе од хит. 

Сакајќи да ја дознаеме вистината на дојавите кои стигнаа до нас, проверивме на Јутубе каналот на Владо Јаневски насловен како Владо Јаневски ТВ. Владо на неговиот канал ја постирал како своја песна. Имено на Аранжманот се потпишал Дамир Имери кој претпоставуваме кога аранжирал  песната морал да знае од кого е. Во случајов соучесник во оваа музичка кражба е и познатиот Македонски музички продуцент и аранжер Дамир Имери.

Масимо Раниери, псевдоним од Џовани Калоне (Неапол, 3 мај 1951), е пејач, актер, телевизиски домаќин, театарски режисер и италијански шоумен.Тој главно е театарски актер и музички пејач, но тој исто така е вклучен во кино продукцијата како главен актер со неколку улоги, и повремено во ораторство. Масимо може да се пофали со продадени повеќе од четиринаесет милиони тонски записи, тој е меѓу италијанските уметници кои продале најголем број на тонски записи во светот . За време на неговата кариера тој има објавено 31 албум и 32-та, кој ќе бидат објавени во есента 2018, 24 во студиото, 4 во живо и 4 колекции и 36 синглови.

Ова е невиден СКАНДАЛ бидејќи во сите овие години Владо Јаневски ја претставува оваа нумера како своја. Фактот дека песната на  Владо Јаневски е плагијат тс. 100% копија од Pedere l’amore е сигурно шок за неговите фанови.

Дури и текстот е препишан иако се гледа дека Влатко се потрудил да го поправи се совпаѓа во многу зборови како на пример: „А сега одете си сите сакам да сум сам„ со разлика што во оригиналот зборовите се појавуваат на почеток а во нумерата на Јаневски во четвртата строфа.

Сепак останува нејасно и неодговорено прашањето уште колку песни украл Јаневски? Што се однесува до музичкиот перформенс мораме да бидеме искрени и да признаеме дека Јаневски нумерата одлично ја отпеал. Тој песната „Ако не те сакам„ ја објави во 2004 година во склоп на Албумот „Ваков или таков„.

Во продолжение ви ги претставуваме двете видеа (се надеваме дека Владо ќе ја исправи грешката и ќе им се извини на фановите)


»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Музика

Сепак, гласовите беа одлучувачки, а познати се првите 10 финалисти: Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

Познати првите финалисти на Евровизија, Албанија и Бугарија не се пласираа

Вчера вечер се одржа првото полуфинале на едно од најголемите и најзначајни музички...