Стојаноски дава триесет и шест илјади евра народни пари, за да чита стари говори и да се брука пред Македонската и Охридската јавност

Објавил: Македонка Димкин | 16 октомври, 2018 1:19

Скандал го тресе Охрид: Излезе на виделина „неписменоста„ на градоначалникот на Охрид (Видео)

Фото/Текст извор: ©оhrid1.com/magazin.мк

Охридскиот портал Охрид1 на својот канал на Јутуб објави едно видео со компарација каде што може еден на еден да се слушне, како говорот кој што Д-р Бакрачески тогашен градоначалник на Охрид во 2013 година го читаше по повод 8 Декември, четири години подоцна во 2017 година истиот до точка без тронка совест и срам, го чита актуелниот градоначалник Јован Стојаноски.

Според порталот Охрид1 во општината Охрид се вработени најмалце десетина вработени портпароли кои меѓу другото се задолжени за подготвување на тексотви, писма и говори како и за комуникација со јавноста. 

Како што тргнало никој од десетината вработени портпароли нема да сноси одговорност за тоа што препишувале говори а кои претходно биле веќе јавно читани а според она што го слушнавме ниту пак самиот градоначалник Јован Стојаноски не се потрудил да ја покаже својата зрела писменост знаејќи дека истиот е професор.

Професионалната кариера му е поврзана со Факултетот за туризам и угостителство-Охрид, каде што напредува хиерархиски по востановен принцип во високото образование. Предава повеќе предмети од економската наука. Политичката кариера му започнува во 2013 година кога станува носител на листа за локалните избори во Охрид, кандидиран од СДДСМ. Тој е и шеф на советничката група во мандатот 2013-2017 година. За Градоначалник е кандидиран од страна на СДСМ на локалните избори во 2017 година. Иако неговата кандидатура од страна на централата во Скопје не мина без реакции во огранокот на партијата во Охрид, тој имаше сигурен предизборен настап во кампањата, а по убедливата победа станува градоначалник на 20.10.2017 година.

На прашање на порталот „Охрид 1“ дали некој е казнет и дали ќе сноси некаква одговорност за непрофесионалното работење и крадењето туѓи говори, но и за нивно подметнување на сегашниот Градоначалник кој јавно ги прочита на различни церемонии, од кабинетот на Стојаноски порталот добил информации  дека никој не е казнет.

За потсетување  градоначалникот Јован Стојаноски на 8 декември 2017 за првпат чита веќе искористен говор ( од далечната 2013 )  и тоа говорот кој во тоа време за истата церемонија но во 2013 година бил специјално напишан за  тогашниот градоначалник Никола Бакрачески. Имајќи во предвид дека Никола Бакрачески беше градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали тоа излезе на виделина „неписменоста„ на Стојаноски или тој е миниран од сопствените редови за да се покаже неговата неодговорност и дембелана, прикажувајќи дека не е способен да си напише и еден така важен говор.

Според логиката ако тој навистина има вработено десетина портпароли, тоа Охриѓани ги чини  ни помалку ни повеќе туку точно 36 000 Евра годишно, за тој да чита говори од сегашната опозиција ВМРО -ДПМНЕ

Последен пат препишан говор портпаролите му подметнале на церемонијата по поводт 11 Октомври.

По се изгледа дека Професорот нема добар однос со „Македонската писменост„ и не се осмелува да си напише сам говор, па затоа неговите последни  говори  биле екстремно  кратки и без читање. 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.