За „црвено-жолтите“ ова е деветти триумф над Албанија. Македонија одигра добро и без загубен сет го заврши мечот во СРЦ „Кале“.

Објавил: admin@magazin | 2 јануари, 2019 18:17

СЛАВЕЊЕ : Македонските одбојкари ја победија Албанија

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Македонската одбојкарска репрезентација ја победи Албанија со 3:0 (25:21, 25:21, 25:23) во Скопје на вториот пријателски меѓусебен дуел на крајот од 2018 година.

Во завршницата од квалификации за Европското првенство 2019, одбојкарите на селекторот Никола Матијашевиќ ја немаа помошта на капитенот Никола Ѓорѓиев, а во составот не беше ниту техничарот Филип Деспотовски.

 Македонија одигра многу добро и без загубен сет го заврши мечот во СРЦ „Кале“. За „црвено-жолтите“ ова е деветти триумф над Албанија.
Репрезентативците за новогодишните празници беа слободни, а со тренинзи ќе продолжат во првите денови од 2019. На 5 јануари ќе гостуваат во Запорожје кај Украина, на 9 јануари Македонија ја пречекуваат Унгарија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести