Временска најава

Објавил: Владо Марин | 13 април, 2021 12:17

СЛЕДУВА ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ЛОКАЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – ИМА УСЛОВИ И ЗА ЛОКАЛНА НЕСТАБИЛНОСТ ПРОСЛЕДЕНА СО ГРМЕЖИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес и утре времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Ќе има услови и за ретка појава на грмежи а ќе дува и умерен ветер од западен правец кој повремено на некои места ќе засилува. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачува во интервалот од 14 до 17 степени.

Потоа во четврток и петок времето ќе биде претежно суво, додека нов влажен бран кој ќе донесе нови врнежи од дожд и снег на планините се очекува за време на викендот.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...