Максималните дневни температури денес ќе бидат нешто пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени, додека во следните денови ќе бидат во пораст и за време на викендот ќе сде искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени.

Објавил: admin@magazin | 11 март, 2021 7:58

СЛЕДУВА СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ВРЕМЕТО – ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ТЕМПЕРАТУРИТЕ ВО ПОРАСТ, ДЕТАЛИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од денес до недела времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, повремено со умерена локална облачност.

Денес сеуште ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој во текот на денот ќе слабее.

Максималните дневни температури денес ќе бидат нешто пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени, додека во следните денови ќе бидат во пораст и за време на викендот ќе сде искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени.

Нов влажен бран инови врнежи од дожд, а на планините од снег ќе има во понеделник.

Во Скопје и околината денес, како и во следните неколку денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, повремено со умерена локална облачност. Денес сеуште ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец кој во текот на денот ќе слабее. Максималната температура денес ќе се искачи до околу 8 степени, додека во текот на следните денови истите ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени. Во понеделник повторно ќе има услови за повремени врнежи од дожд.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...