Ваквата одлука важи за сите, без разлика дали се државјани на Словенија, Македонија или држава членка на Европската Унија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 јуни, 2020 10:15

Словенија воведе задолжителен карантин за сите кои доаѓаат од Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска Владата на Словенија ја извести јавноста дека донела одлука сите оние кои доаѓаат од Македонија да мораат да одат во задолжителен 14 дневен карантин, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Словенија стана прва европска држава која прогласи крај на епидемијата на коронавирусот, минатиот месец…

Ваквата одлука важи за сите, без разлика дали се државјани на Словенија, Македонија или држава членка на Европската Унија.

– Епидемиолошката ситуација во Македонија е вонредно тешка. Сите они кои во Словенија ќе дојдат од таа држава, дури и словенечките државјани, мораат да одат во 14 дневен карантин, објави словенечкото Министерство за внатрешни работи.

Карантинот за Словенците кои се враќаат дома од други земји е укинат пред три недели.

Според последните информации соопштени вчера од Министерството за Здравство, во Македонија во последните 24 часа биле направени 854 тестирања, а регистрирани 111 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 63
– Куманово 11
– Штип 12
– Тетово 8
– Велес 3
– Охрид 1
– Гостивар 3
– Крива Паланка 1
– Кочани 9

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби вчера починаа две лица, пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години.

Досега во нашата земја се направени вкупно 36325 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 103 теста се во рамките на скринингот во градинки преку ЦЈЗ Штип и Кочани, од кои 9 тестови на вработени во градинки во Кочани се позитивни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3025, бројката на оздравени пациенти е 1646, на починати е 153, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1226.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести