Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) Ирина Бухова вели дека во изминатите години постапувале по пријави на пациенти и нивни блиски поврзни со клиниката „Жан Митрев“.

Објавил: admin@magazin | 20 јули, 2022 18:40

Случај „Жан Митрев“- Во тек е истрагата

Фото/Текст извор: ©24.мк

Сите институции на едно место а бројни прашања и натаму без одговор за случајот „Жан Митрев.“

По два дена откако Владата од минситерството за здравство побара отчет за обвинувањата дека во клиниката се вршел нерегистриран клиничи метод за ковид пациенти, денеска минситерот Беким Сали вели дека никој нема да биде поштеден од одговорност. Сепак одговорност се’ уште не е лоцирана.

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) Ирина Бухова вели дека во изминатите години постапувале по пријави на пациенти и нивни блиски поврзни со клиниката „Жан Митрев“. Така во последните три години биле направени 3 редовни и девет вонредни контроли. Едно од клучните прашања беше дали клиниката ги пријавувала смртните ковид случаи со причина заразување со бактери во текот лекувањењто.

И по сознанието дека имало пријави од пациенти за смртни случи со компликации останува отворено прашањето до каде стигнале со институционална разврска ваквите слуачи. Директорот на Агенцијата за лекови (МАЛМЕД), Лирим Шабани кој во истражувањето на ИРЛ беше дециден дека клиничкиот медот за хемофилтрација не бил пријавен сега вели им треба време за да утврдат каде затаил системот на кој што и тој му припаѓа.

„Логично е малку да се даде време за да се утврди се според протоколите, прописите и законите. Сакаме да сме сигурни дека тоа било така како што е објавено. Никој не вели дека имало или немало клиничко испитување. Велиме како што кажува законот – ако некој развива некакво клиничко испитување, тоа се санкционира, а за да се санкционира треба да се потврди. Од голема помош е емисијата на ИРЛ, ги охрабрувам сите други да им помогнат на институциите.“ – вели Лирим Шабани директор на Агенција за лекови.

Само два дена пред да биде објавена документарната емисија, Шабани вели дека Агенцијата за лекови испратила инспекција во клиниката „Жан Митрев“ и дека до вчера била доставена дел од документацијата а од денска се одржуваат состаноци со претставници на клиниката. Закажана е и Комисија за клинички испитувања, а ќе заседава и Етичка комисија

ТВ 24 го побара и Венко Филипче, министер за здравство токму во периодот на кој се однесуваат обвинувањата за клиниката „Жан Митрев“. Побаравме одговори поврзани со работата на оваа клиника но Филипче откако го исклучи телефонот и беше недостапен не одговори ниту на нашите смс пораки.

Случајот „Жан Митрев“ отвори бројни прашања побрзани со кавлитетот и начинот на функационирање на приватното здравство. Но случајот ги отвори и дилемите за државното здравство – како таму се лекуваат пациентите, колку смртни слуачи со компликација бактерија биле пријавени од страна на државните болници. Во ек на пандемија приватните болници поради високите цени за лекување книжеа енромни профити. а државното здравство пак, беше претесно за пациентите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести