Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 31 степен!

Објавил: Владо Марин | 10 јули, 2020 9:51

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 31 степен.

Потоа за време на викендот во попладневните часови локално ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи, засилување на ветер и услови за појава на град. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

Ново опаѓање на температурите почнувајќи од северните предели ќе има во недела во текот на денот, додека од понеделник ќе биде посвежо а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието. Максималните дневни температури во понеделник ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени, во најтоплите предели истите има услови да се искачат до околу 33 степени.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...