Јавното обвинителство во предметот постапува професионално и неселективно.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 август, 2019 14:40

ОЈО ПОТВРДИ: Снимките што ги објави „Ла Верита“ се дел од доказите за аферата „Рекет“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јавното обвинителство соопшти дека видеата кои беа објавени во италијанскиот медиум „Ла Верита“ поврзани со предметот „Рекет“ не се добиени од обвинителството.

Од ОЈО соопштија дека се проверуваат сите индиции и сите аспекти, а истражната постапка е во тек и јавниот обвинител презема истражни дејствија за да се обезбедат доказите и да се утврди фактичката состојба според подготвен план кој обезбедува целосно истражување на случајот.

ЈО потврдуваат дека видеата кои беа објавени вчера и денес во италијанскиот медиум „Ла Верита“ поврзани со предметот „Рекет“ не се добиени од обвинителството, но сепак станува збор за аудио и видео материјали кои се дел од доказната постапка во предметот.

„Јавното обвинителство во предметот постапува професионално и неселективно. Притоа се проверуваат сите индиции и сите аспекти. Истражната постапка е во тек и јавниот обвинител презема истражни дејствија за да се обезбедат доказите и да се утврди фактичката состојба според подготвен план кој обезбедува целосно истражување на случајот. Доколку во текот на истрагата бидат утврдени елементи на други кривични дела или други сторители, постапката ќе биде проширена, а јавноста за тоа веднаш ќе биде известена. По целосно завршување на истрагата ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“, се вели во соопштението од ОЈО.

„Во периодот кога дел од јавните обвинители користат годишен одмор назначени се обвинители кои ги заменуваат, како и истражители кои секојдневно активно работат на предметот. Функцијата на јавното обвинителство се извршува непречено“, изјавуваат од ОЈО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести