За лошата здравствена сстојба на Миле, говорат неговата сопруга и адвокатите, кои велат дека тој е видно ослабен, нервозен, изнемоштен, конфузен.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 јули, 2019 19:49

Состојбата на Миле Јанакиески се влошува

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Веќе 13 дена поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески штрајкува со глад, во затворот во Шутка каде се наоѓа во притвор,пренесува РЕПУБЛИКА.

Миле Јанакиевски во периодот од 28 август 2006 до 13 мај 2015 ја извршувал функцијата Министер за транспорт и врски на Република Македонија.

За лошата здравствена сстојба на Миле, говорат неговата сопруга и адвокатите, кои велат дека тој е видно ослабен, нервозен, изнемоштен, конфузен.

Иако не сака да ја информираме јавноста за неговата состојба, ова што го прави повеќе нема смисла. Не гледам дека штрајкот вилијае врз правдата, туку само врз неговото здравје. Досега немал проблеми со бубрезите. Оваа инфекција е резултат на штрајкот и на условите во затворот, вели за порталот Република сопугата на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, Сања Јанакиески.

Адвокатот Александар Новаковски, кој го застапува Јанакиески во случаите „Шпански скали“ и „27 април“ за Република истакна дека Миле се изложува на здравствен ризик, со оглед на тоа колку судења му претстојат, ќе биде тешко да ги следи.

Ако вака продолжи, нема да ги издржи процесите, вели Новаковски за Република.

Од порталот Република се обиделе да стапат во контакт и со Народниот правобранител, кој постапува по претставка од сопругата на Јанакиески, но оттаму како што велат не добиле одговор какви се заклучоците од посетата на Јанакиески во затворот во Шутка.

Одговор сѐ уште не добила ниту сопругата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести