По повод тажната вест за смртта на големиот македонски драмски автор, Горан Стефановски, со сочувство се огласи и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов

Објавил: Мирко Бачиќ | 28 ноември, 2018 13:58

Сочувство од претседателот Иванов по повод смртта на Горан Стефановски

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот Ѓорге Иванов изрази сочувство по повод смртта на Горан Стефановски, потенцирајќи дека вечно ќе сме благодарни за творештвото кое ни го остави, за се што напиша, создаде и инспирираше.

Претседателот Иванов за Стефановски кажа.

Со голема тага ја примив веста за смртта на нашиот драмски писател, Горан Стефановски. Иако нема соодветни зборови кои можат да ја надоместат загубата, дозволете во овие тажни мигови да изразам најискрено и најдлабоко сочувство до семејството и до цела наша јавност.

Со прераната смрт на Горан Стефановски загубивме врвен драматург, но и голем ерудит, мислител и пред сЕ прекрасен човек кој со своето дело остави неизбришлива трага во нашето културно и општествено живеење,. -вели претседателот Иванов.

Горан Стефановски, како што нагласува, беше наш најпознат и најизведуван современ драмски автор чии драми оставија неизбришливи траги во нашиот театар и книжевност, претставувајќи своевидна луцидна панорама на нашето живеење и светоглед.Ж

Покрај маркантниот драмски опус, неизбришливи се и неговите остварувања во телевизискиот медиум, пред се преку култната телевизиска серија „Бушава азбука“. – посочува Иванов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...