петок, 26 април 2024

MK/ EN/ DE



Имено Аца Лукас на промоцијата на новиот спот на својата колешка пејачката Маја Беровиќ, се појави токму со новата девојка Јована, а тогаш многумина од фановите коментираа дека Лукас до себе има навистина атрактивна девојка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 јули, 2019 14:40

Соња со порака до новата девојка на Аца Лукас: „Убеди го да се разведе“!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најпознатиот српски пејач Аца Лукас, пред неколку дена беше во центарот на вниманието, откако се појави со својата нова девојка.

Фолкерот не се одделува од својата нова девојка Јована

Имено Аца Лукас на промоцијата на новиот спот на својата колешка пејачката Маја Беровиќ, се појави токму со новата девојка Јована, а тогаш многумина од фановите коментираа дека Лукас до себе има навистина атрактивна девојка.

Веднаш потоа неговата поранешна сопруга Соња се огласи, а да биде уште поинтересно, таа истакна дека нема ништо против оваа врска, па дури искоментира и дека Јована и Аца биле симпатични а споредбите со неа, и годат.

-Од медиумите дознав дека Аца имал нова девојка, но навистина не знам која е таа? Не ми е гајле со кого е тој во моментов, сето тоа е минато за мене! Јас само се надевам дека таа ќе може да го убеди да ги потпише документите за развод на нашиот брак, што е можно поскоро! Мислам дека тоа ќе биде навистина одлично. Не слушав дека неговата девојка ја споредуваат со мене, но и да е така, тоа мене ми е симпатично! Искрено, секоја девојка оди со него. Јас нема да ја коментирам многу оваа романса,  рече поранешната сопруга на фолкерот низ насмевка.

Инаку во српските медиуми на големо се пишуваше дека Соња Вуксановиќ со месеци го изневерувала Аца Лукас со познатиот кошаркар Марко Јариќ.

Наводно Соња со месеци пред разводот била во тајна врска со кошаркарот, па веднаш штом дознал Аца Лукас почнале деновите од пеколот во семејството Вуксановиќ.

Лукас и Соња се разведоа минатата година а таа го обвини за насилство.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.