Стружани апелираат да се стори нешто со ѓубрето во центарот на градот. Со денови, велат живееме во смрдеа…

Објавил: Весна Петровска | 5 август, 2019 13:21

Со денови живееме во смрдеа… – граѓаните гневни, тажна е сликата во Тетово и Струга

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Тетово и Струга според поплаките од граѓаните важат за најсмрдливите градови во земјава.

Стружани апелираат да се стори нешто со ѓубрето во центарот на градот. Со денови, велат живееме во смрдеа…

Оваа фотографија е направена во Струга

– Празник е не се работи. Знам дека на вработените во Комунално не им е лесна работата и дека не се мотивирани, врз основа на плата и придонеси, ама зошто мора да живееме со смрдеава и гнасотилаков?, пишува еден жител на Струга на фејсбук.

И од Тетово не стивнуваат коментарите за депонијата во која живеаат граѓаните.

Депонијата во Тетово

-Цело Тетово е депонија..ѓубре чистеа два пати неделно..сега еднаш.
Улици со шмрк немаат исчистено со години наназад.Цел град е паркинг..во строг центар ,баш на семафор на пешачки премин се паркираат..горе на плоштад се качени, пишува на фејсбук една жителка на Тетово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...