Спасовски не одговори дали по 3 јануари ќе ја превземе функцијата и дали е подготвен за таа позиција. Министерот за внатрешни работи истакна дека во моментот е насочен надруги работи а таа одлука ќе ја донесе СДСМ и треба да се почитува, истакнувајќи дека тој ќе биде во битката за освојување на уште еден мандат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 декември, 2019 17:36

Спасовски концентриран на уште еден мандат- не открива дали ќе биде технички премиер

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Оливер Спасовски, кој ја врши функцијата заменик-претседателот на Владата и министер за внатрешни работи на денешната акција „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ одговараше на прашања за новинарите. Тој беше прашан дали сеточни гласините кои пред извесно време беа објавени во медиумите дека тој ќе биде технички премиер кој ќе ја води државата до изборите закажани за 12 ти април.

Медиумите на големо шпекулираа дека Спасовски ќе ја предводи техничката Влада по 3 ти јануари

Спасовски не одговори дали по 3 јануари ќе ја превземе функцијата и дали е подготвен за таа позиција. Министерот за внатрешни работи истакна дека во моментот е насочен надруги работи а таа одлука ќе ја донесе СДСМ и треба да се почитува, истакнувајќи дека тој ќе биде во битката за освојување на уште еден мандат.

 Јас сум посветен и овие 20 дена сакам да ги одработам максимално посветено на проектите на Министерството за внатрешни работи и напоменав дека одлуките во однос на технички премиер, идна Влада и така натаму, ќе ги разговараат партиските органи и тела, а какви и одлука да донесат, тоа е одлука која треба да се почитува – нагласи Спасовски.

Министерот посочи дека тој што размислува само на која позиција ќе оди, не треба воопшто да биде на ниедна од позициите.

 За мене е многу поважен интересот на граѓаните на Македонија, Македонија како држава, отколку каде јас ќе бидам по 3 јануари. Јас сакам максимално посветено добро да ја завршам работата, како што почнав во Министерството за внатрешни работи, а понатаму од 3 јануари знам едно сигурно дека ќе бидам во битката за освојување на уште еден мандат – потенцираше Спасовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести