Од Министерството за Внатрешни работи изјавуваат да не се пие алкохол ако луѓето возат, за време на Новогодишните празници.

Објавил: admin@magazin | 30 декември, 2018 10:23

Спасовски : ” Не пиј ракија додека возиш “

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Министерството за внатрешни работи ја засилува едукацијата во пресрет на новогодишните празници.

Од Министерството за Внатрешни работи изјавуваат да не се пие алкохол ако луѓето возат, затоа што се доведува во голема опасност животот на возачот и на останатите учесници во сообраќајот.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, порача да не се пие додека се вози, преку видео кампања „Уште една чашка е уште една лоша одлука“.

Статистиката потврдува дека и понатаму доминантна причина за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици е факторот човек. Билтенот на Министерството за внатрешни работи во пресрет на Нова Година и Божиќ, покажува голем број на сообраќајни незгоди и голем број на загинати и повредени лица на патиштата во Република Македонија. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести