МВР со бирократски одговор на кој ќе треба да даде многу одговори

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 август, 2018 6:42

Спасовски прашањето е дали ќерката на Велковски со џип на МВР е однесена Грција?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

МВР стана нетраспарентна институција во сопственост на граѓаните а во владение на партијата т.е. токму она за што СДСМ обвинуваше дека не смее да биде.

Вчера конечно по три дена се огласи и МВР со соопштение кое е чист бирократски документ полн со празни фрази за кои никој не поставил прашање:

“По извршените проверки – констатирано е дека на ден 2 август 2018 година – возилото “Ренџ Ровер Дискавери Спорт” со регистарски таблички СК-9559-АЛ е управувано од полициски службеник вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти кој возилото го управувал со соодветен службен налог. Возилото во 13 часот и 35 минути го преминало граничниот премин Богородица и патувало на територија на Република Грција. Возилото е вратено во Република Македонија истиот ден 2 август 2018 година.”

Како би ја ослесниле работата на министерот Спасовски еве ги прашањата на кои треба да се фокусира:

  1. Колку изнесуваат трошоците во патниот налог за патување и тоа во странство за државен празник?

  2. Кој функционер го користел возилото за патување во Грција?

  3. Дали во возилото имало и други – неовластени лица на МВР?

  4. Во колку часот полицискиот службеник влегол во Македонија на “Богородица”?

  5. Дали бил сам во возилото при излезот но и влезот на граничниот премин “Богородица”?

Прашањето никогаш не беше дали возилото е или не управувано од ќерката на Велковски. Би било навистина гест кој не е џентлменски ако не и бил обезбеден и шофер. Спасовски ако не сака МВР да наликува на она кое го сметаше за “режимско” прво може да не испраќа “режимски” дописи со општо појаснување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести