Специјалците ќе бидат прераспределени на пониски позиции

Објавил: admin@magazin | 1 јули, 2018 12:37

Специјалци казнети затоа што се противеле да имаат Албанец командир

Фото/Текст извор: ©аион.мк

МВР се реваншира на припадници од Единицата за специјални задачи со 18 решенија со кои прави нивна прераспределба на пониски работни места, тврдат извори од МВР за “А1он”.

Причината за овој чекор на МВР е бидејќи тие реагирале на одлуката за заменик командир во ЕСЗ да биде поставен Албанец, па откако првите луѓе во МВР се откажале од оваа одлука, почнале притисоците врз вработените во ЕСЗ.

Половина од решенијата се донесени откако специјалците сами побарале нивно прераспределување под притисок од високи структури, а останатите по одлука на челници во МВР. Во идниот период МВР ќе донесе нови 30-на решенија, со што вкупната бројка на прераспределени специјалци кои поради бунт ќе бидат санкционирани ќе достигне 50 лица.

Дел од специјалците кои досега се распределени, ќе работат во полициски станици од општа надлежност, со образложение од МВР дека тоа е по потреба на службата, тврдат извори за “А1он”. Некои од нив контактирале и со адвокати за да ја обжалат одлуката на МВР.

Од Министерството не одговараат поради која причина им се делат овие решенија за прераспределби на специјалците, неколку недели по бунтот во ЕСЗ, иако Спасовски најави дека нема да има промени во оваа единица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести