Од Ургентен центар околу 18 и 30 часот било пријавено во полиција дека со тешки телесни повреди бил донесен Ч.Н.(19) од Скопје.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 јуни, 2019 16:53

СПРЕЧЕНА ТРАГЕДИЈА: Момче удри во карпа во езерото Матка, со тешки повреди пренесено во болница!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Деветнаесегодишно момче со тешки повреди било пренесено во болница откако удрило во подводна карпа во езерото Матка.

Тешката несреќа се случила вчера информира МВР. Од Ургентен центар околу 18 и 30 часот било пријавено во полиција дека со тешки телесни повреди бил донесен Ч.Н.(19) од Скопје.

Околу 18.10 часот Ч.Н. кој бил со друштво на Матка, од голема висина скокнал во езерото. Според пријавата, момчето најверојатно се удрило во карпа под водата и кога испливал на површина обилно крварел од главата.

Матка претставува еден од најголемите рефугијални центри за време на глацијалниот период, што придонело денес на овој простор да се сретнат голем број реликтни и ендемични растенија и животни.

Матка е кањон на реката Треска, десна притока на Вардар, зафаќа површина од околу 5.000 хектари и се наоѓа на 17 километри југозападно од Скопје. Според морфогенетските карактеристики претставува клисура-пробојница. На овој простор посебно внимание заслужуваат карстните облици — десетте пештери со должина од 20 до 176 метри и двата пропасти со длабочина до 35 метри.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...