Друг авион на Ер Србија со медицинска опрема од Кина слета на пладне во Белград.
Ер Србија авион А330, кој доаѓаше од кинескиот град Ченгду, слета во 11,54 часот наутро, објави на веб-страницата на белградскиот аеродром „Никола Тесла“.
Авионот пристигна во Србија со 14 милиони заштитни маски, како и 14 кинески експерти, кои ќе помогнат да се инсталираат две машини, купени од кинеската компанија.
Двете машини ќе можат да произведуваат 192.000 маски на ден.
На белградскиот аеродром Никола Тесла неодамна слетаа и повеќе авиони на српската национална компанија Ер Србија, со кој на Србија од Кина ѝ пристигна помош во медицинска опрема и тим кинески експерти кои последните три месеци се бореа против епидемијата на коронавирусот во својата земја.
„Пристигнувањето на кинеските медицински експерти е од огромно значење бидејќи тие први го победија коронавирусот и се здобија со вредно искуство“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ, кој на пистата заедно со кинеската амбасадорка во Србија Чен Бо лично ги пречека кинеските експерти и пратката медицинска помош.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.