Македонија ќе игра во групата Б со селекциите на Јапонија, Бахреин, Хрватска, Шпанија и Исланд.

Објавил: admin@magazin | 3 јануари, 2019 17:03

СРЕЌНО НА МАКЕДОНИЈА : За 10 дена Македонските ракометари ќе играат на светското првенство

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Maкедонската репрезентација, за неполна една недела ќе настапи на Светското првенство Германија и Данска.

 Раул Гонзалез, селекторот на Македонија, првпат ќе игра со олку млад состав во таборот на „црвено-жолтите“. Со доза на претпазливост го најавува претстојниот Мундијал во Германија и Данска, за кој вели дека нашиот национален тим мора да игра како тим и да се биде максимално претпазлив на првиот натпревар. Македонија ќе игра во групата Б со селекциите на Јапонија, Бахреин, Хрватска, Шпанија и Исланд. 

Денес нашите ракометари го промовираа новиот дрес со кој ќе играат на овој Мундијал под мотото „Со нов дрес до нови победи“. На промоцијата присуствуваа селекторот Раул Гонзалес и капитенот Кирил Лазаров, а сите оние кои купија дрес истиот им беше потпишан од страна на македонската ракометна икона.

„Досега на подготовките се е според планот. Ќе играме и два пријателски меча со Србија и ќе видиме како ќе ни оди. Јас знам дека пријателските не се како официјалните, но верувам во овој тим и знае и може да игра убав ракомет. На претстојните пријателски средби сите ќе добијат шанса, за да се подготвиме што подобро на турнирот. Мислам дека треба да одиме чекор по чекор и да имаме почит кон секого. Македонија има ниво, но мора да се фокусира на првиот меч, а не на тоа што ќе се случи и што следи потоа. Нашиот прв противник Јапонија играше против Полска и Чешка и одигра одлично. Мора да го победиме првиот натпревар, а потоа ќе мислиме на вториот меч. Околу целта на ова Светско првенство не би сакал да зборувам што ќе биде, сакам само да играме како екипа, само така можеме да успееме“, изјави Раул.

Селекторот Раул Гонзалез наскоро ќе го објави и финалниот список на ракометари кои ќе ги води во Минхен. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...