Имено, вереницата на Вељко е бремена веќе два месеци. Тие прво ѝ се јавиле на пејачката да ѝ ја соопштат радосната вест.

Објавил: Весна Петровска | 16 октомври, 2019 14:01

СРПСКАТА МАЈКА ЌЕ СТАНЕ БАБА: Цеца ја сподели радосната вест

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Најголемата балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ е пресреќна затоа што дознала дека ќе стане баба.
Нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ и неговата вереница Богдана очекуваат дете.

„Среќна сум“, кратко рекла за Курир.рс, со што потврдила дека ќе стане баба.

Имено, вереницата на Вељко е бремена веќе два месеци. Тие прво ѝ се јавиле на пејачката да ѝ ја соопштат радосната вест.

Фолк ѕвездата ја сподели радосната вест, нејзиниот син очекува дете

„Пресреќна сум, ова е многу убава вест за моето семејство. Се радувам, Не верував кога ми соопшти Вељко, а потоа сите емоции се измешаа. Не умеам да го опишам чувството, се уште сум под еуфорија. Снаата ќе ја пазам и мазам уште повеќе, за новиот член да ни стигне во веселба и радост“, напишала Цеца на Инстаграм

За потсетување, синот на Цеца се вери со неговата девојка мината година.

За оваа вест сите беа пресреќни па дури и таткото на невестата, еве што кажа тогаш дедото на Вељко за неговата мајка.

-Бев кај Цеца пред помалку од месец дена и тогаш ја запознав целата фамилија. Цеца е природна, нормална жена и навистина сме воодушевени колку е културна. Тогаш прв пат се запознавме и точно е, зборувавме околу свадбата. Свадбата би требало да биде следната година, но сеуште не сме прецизирале датум, можеби ќе биде во јуни. Не сум сигурен и не ме држете за збор, изјавил пред една година таткото на Богдана.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести