Присутни се повеќе од 20.000 луѓе, вклучувајќи ги и семејството и пријателите.

Објавил: admin@magazin | 24 февруари, 2020 22:14

СРЦЕ ДА ВИ ПРЕПУКНЕ- ВАНЕСА БРАЈАНТ: Душо грижи се за Џиџи, јас ќе се грижам за другите деца

Фото/Текст извор: ©Foto: EPA магазин.мк

Вечерва во познатиот центар „Стејплс“ во Лос Анџелес, американската јавност ја одбележува смртта на НБА легендата, Коби Брајант, која заедно со неговата ќерка Џиана и уште седум лица загинаа на 26 јануари во хеликоптерска несреќа.

Присутни се повеќе од 20.000 луѓе, вклучувајќи ги и семејството и пријателите.

Вечерва во познатиот центар „Стејплс“ во Лос Анџелес, американската јавност ја одбележува смртта на НБА лигата, Коби Брајант, која заедно со неговата ќерка Џиана и уште седум лица загинаа на 26 јануари во хеликоптерска несреќа.Foto: EPA

Нај емотивно беше кога вдовицата Ванеса Брајант се најде на штандот:

– Благодарност на сите што сте тука и ви благодарам за поддршката што моето семејство ја чувствува од целиот свет. Јас би сакала да зборувам за Коби и Џиџи, но ќе започнам со моето мало девојче. Нејзината насмевка беше како сонце. Коби секогаш велеше дека е како мене, дека ја има мојата харизма и најубавата насмевка. Таа беше лидер, учителка, знаеше шпански уште од тинејџерка.

Џиџи, ќе ни недостасуваш секој ден “, рече таа низ солзи и продолжи:

„ Џиџи можеше да биде најдобриот играч на ВБА. Таа сакаше да го смени начинот на кој жените се гледаат себеси во спортот.

Ванеса продолжи да зборува за Коби.

– Благодарност на сите што сте тука и ви благодарам за поддршката што моето семејство ја чувствува од целиот свет. Foto: EPA

– Тој беше најдобриот сопруг. Тој ме сакаше повеќе отколку што можам да замислам. Тој секогаш размислуваше за нашите годишнини, ги радуваше децата, рече Ванеса за Коби и додаде:

– Бог знаеше дека не можат да бидат на Земјата еден без друг, па ја зеде и Џина. Душо, се грижи за Џиџи, а јас ќе се грижам за другите. 

На комеморацијата во центарот „Стејплс“ присуствуваа кошаркарските легенди Мајкл Џордан, Меџик Џонсон, Шексил О’Нил и многу други познати личности и пејачи, а во текот на комеморацијата пееше Бијонсе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Шест години беше дел од Кометал Ѓорче Петров, а во 2013 година се врати во Македонија, во редовите на ЖРК Вардар, каде и ја заврши кариерата во 2015 година.

ПОЧИНА ПОРАНЕШНАТА МАКЕДОНСКА РЕПРЕЗЕНТАТИВКА ЈУЛИЈА ПАРТЕНКО

Нова трагедија за македонскиот спорт и ракометното семејство – синоќа ненадејно...

Диего Армандо Марадона, аргентинската фудбалска легенда и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, почина денеска на 60 годишна возраст во Буенос Аирес!

ФУДБАЛОТ ВО ТАГА: Почина фудбалската легенда Диего Армандо Марадона

Диего Армандо Марадона, аргентинската фудбалска легенда и еден од најдобрите фудбалери...