Барам само морална поддршка, казната сам ќе си ја носам!!! Да живее Македонија!!!

Објавил: Мартин Попоски | 3 мај, 2020 17:04

СРЦЕ МАКЕДОНСКО: Борко ќе ја плати казната на навивач на Вадар што го веел знамето од Вергина!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Активистот Жарко Масларковски заработи прекршочна пријава поради веење на знамето со сонцето од Кутлеш. На социјалните мрежи објави дека бара само морална поддршка, а казната како што вели сам ќе си ја носи!

Поканата од судот Масларковски ја објави на Фејсбук, а еден од оние кои застанаа позади навивачот е голманот на Вардар, Борко Ристовски.

Ристовски му порача на навивачот дека тој ќе му ја плати казната.

Барајќи мир на душата, знам да викам грлато Македонија пред собрание!!! На Ѓурѓовден сум на суд за носење знаме македонско(Кутлеш) и викање Македонија на прослава на титула на Р.К. Вардар!!! Барам само морална поддршка, казната сам ќе си ја носам!!! Да живее Македонија, вели Масларковски.

Македонскиот ракометен репзентативец Борко Ристовски на својот фејбук профил неодамна напиша дека му е чест и задоволство да биде дел од тимот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Ристовски во својот статус потенцира дека е огромна обврска да се биде дел од ВМРО-ДПМНЕ, ветувајки максимална ангажираност и посветеност во креирање на политики за афирмација на македонскиот спорт.

Чест, задоволство но и огромна обврска е да се биде дел од стратешкиот тим на Претседателот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Од моја страна, можам единствено да ветам максимална ангажираност и посветеност во креирање на политики за афирмација на македонскиот спорт.Во периодот што следи ќе понудиме низа проекти и програми за подобрување на условите за работа на спортските федерации, клубовите,спортските работници и се разбира спортистите,пренесени од позитивните пракси од европските земји. Нека спортот биде еден од главните столбови на кој ке го градиме нашето општество и да пробаме да ја направиме Македонија поубаво место за живеење.
Да живее Република Македонија, стои во статусот на Ристовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...