На родителите им посакувам добро здравје, успешна и среќна година. Мајката Снежана ја има целосната потребна здравствена заштита и нега.

Објавил: admin@magazin | 1 јануари, 2020 12:31

СРЦЕ ПРЕПОЛНО СО РАДОСТ: Ова е среќната мајка која ги роди Анастасија и Габриел за новогодишната ноќ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нов почеток и нов живот. Анастасија и Габриел се првите родени бебиња – близначиња на Клиниката за гинекологија и акушерство.

На родителите им посакувам добро здравје, успешна и среќна година.

Мајката Снежана ја има целосната потребна здравствена заштита и нега.
Упатувам честитки за професионалноста до целиот медицински персонал во сите јавно-здравствени установи. Нека ни е среќна новата 2020 година, напиша министерот Венко Филипче!

Нов почеток и нов живот. Анастасија и Габриел се првите родени бебиња – близначиња на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Првото е женско, родено во 00:01, а второто е машко и е родено во 00:03 часот.

 Првото бебе што се роди годинава во Прилеп е машко. Бебето се роди во Градската болница рано изутрината во 2:35 часот.

Ова и е трето дете на мајката Весна Стојкоска.

-Многу сум среќна и ова е најубавиот подарок во Новата година. При породувањето се помина во добар ред. Бебето и јас се чувствуваме добро, изјави Стојкоска.

-Во првите чесови од Новата 2020 година сме побогати со две деца. Двете се машки и со тежина од по 3 630 грама. Во одлична состојба се, и бебињата и мајките, рече д-р Изабела Чочева Талеска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.