Бугарија планира да го укине законот со кој се дозволува „купување“ на бугарско државјанство преку инвестирање во земјата.

Објавил: Перо Милчин | 23 јануари, 2019 19:31

“СТОП” за купување на Бугарско државјанство

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Бугарија планира да го укине законот со кој се дозволува „купување“ на бугарско државјанство преку инвестирање во земјата, соопшти бугарското Министерство за правда, истакнувајќи дека овој закон не донел значајна економска корист за државата.

Бугарија е една од трите земји на Европската унија, покрај Кипар и Малта, која сега им дава државјанство на сите странски инвеститори.

Законските измени следуваат по извештајот на Европската комисија со кој Бугарија се предупредува дека тој законот им дозволува на странските организирани криминални групи, да се инфилтрираат во Европската унија и со тоа го зголемува ризикот од перење пари, корупција и даночно затајување.

Дваесет земји-членки на ЕУ, исто така продаваат и издаваат дозволи за постојан престој во државите. Министерство за правда во Бугарија соопшти дека од 2013 година до ден денес само 50 странци од Русија, Египет, Израел и Пакистан добиле пасоши врз основа на овој закон

Странците во Бугарија може да добијат пасош кој ги отвора  вратите за повеќето земји на Европската унија, за инвестиции во висина од 1 до 2 милиона лева, односно од 500.000 до 1 милион евра..

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.