Затоа, време е за студентски отпор!

Објавил: admin@magazin | 13 ноември, 2022 11:31

СТОП ЗА УНИШТУВАЊЕТО НА СТУДЕНТСКИОТ СТАНДАРД

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Со децении наназад студентот од Македонија е жртва на лошите политики и институционалната пасивност. Крајно време е да се спротиставиме на уништувањето на студентскиот стандард.

Затоа, време е за студентски отпор!
Нашите барања до надлежните институции се следни:
1. Повлекување на новите измени на законот за студентски субвенциониран оброк, и воведување на нашите предлог измени со кој се предвидува зголемување на оброкот од 120 на 150 денари.
2. Изедначување на стипендиите со повискиот износ.
3. Изземање на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење на струја.
4. Подобрување на условите и итна санација каде што е неопходна во студентските домови.
Понеделник во 16:00 пред Собранието на Р.Македонија те повикуваме на мирен студентски протест да го искажеме нашето незадоволство и револт.
Дојди, приклучи се и биди дел од студентскиот отпор!
Што чекаш?

Почитувани медиуми, ви го испраќаме во прилог нашето соопштение со кое повикуваме на мирен студентски протест пред Собранието на Република Македонија во Понеделник во 16:00 часот.

Линк од настанот: https://fb.me/e/3RRGrGoq8

Со почит,
Претседателство на Студентски Отпор

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.