Во борбата со огнот се ангажирани 14 противпожарни екипи и 24 пожарникари.

Објавил: Перо Милчин | 15 јуни, 2019 16:11

СТРАШНО: ХАЛКИДИКИ ВО ПЛАМЕН, ГОРИ ВТОРИОТ КРАК!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Сува трева и шума горат на вториот крак на Халкидики – Ситонија во Грција, а пожарот брзо се шири, објавија грчките медиуми.

Вториот крак на Халкидики- Ситонија во Грција е целосно во пламен. Во борбата со пожарот се ангажирани 14 противпожарни екипи и 24 пожарникари. Од страна на грчката влада подготвен е и специјален авион за гаснење.

Халкидички Полуостров е полуостров во Егејска Македонија, денес во Грција. Сместен е помеѓу Солунскиот и Струмскиот Залив. Денес е дел од областа Централна Македонија.

Во првата етно-географска карта на Македонија од Димитрија Чуповски полуостровот е напишан под името Халкидонски Полуостров. На самиот тој полуостров длабоко во Егејско Море навлегуваат три помали полуострови: Касандра, Лонгос и Света Гора (Атос).

Поголемиот дел од полуостровот му припаѓа на истоимениот округ Халкидик. Северниот дел влегува во Солунскиот округ, а југоисточниот ракав е во состав на монашката република Света Гора.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести