Денеска почина Дени Стојчев, поранешен одбојкар на Џио Струмица и на македонската репрезентација во помлади категории.

Објавил: Весна Петровска | 9 декември, 2019 19:08

Струмица во шок и неверување: Почина младиот одбојкар Стојчев

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Струмичани во шок и неверување по веста за смртта младиот одбојкар Дени Стојчев.

Денеска почина Дени Стојчев, поранешен одбојкар на Џио Струмица и на македонската репрезентација во помлади категории. Стојчев играше на позиција либеро во кадетскиот и во јуниорскиот национален состав, а во матичниот клуб настапуваше до 2009-тата, соопштија од Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ).

Стојчев имаше 32 години.

Прераната смрт на Дени Стојчев предизвика неверување кај сите во неговиот град и кај пошироката одбојкарска јавност кај нас.

Во организација на ОК „Џио Струмица“ неодамна во спортската сала „Парк“ се одржа прв меѓународен меморијален турнир во чест на прерано починатиот поранешен одбојкар Горан Панов-Близнако.

Џио Струмица во октомври го организираше и Балканскиот клупски куп на кој победи турскиот екипа Токат, а домашните одбојкари го освоија второто место и не успееја да обезбедат пласман во ЦЕВ Челинџ купот. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести