Во текот на утрешниот ден времето исто така ќе биде облачно со врнежи од снег особено претпладне.

Објавил: admin@magazin | 2 јануари, 2019 18:33

Студено време за викендот, сабота дури и до -14 степени

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Снег, пониски температури и студено време ќе има во следните денови. Според УХМР не очекува студена зима. Во текот на утрешниот ден времето исто така ќе биде облачно со врнежи од снег особено претпладне, а пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови од земјава.

Снег со послаб интензитет се очекува во североисточните делови. За време на викендот иако времето ќе биде сончево температурите ќе достигнат и до минус 14 степени.

 „Првите врнежи на снег ќе зпочнат на северо-западот. Тие исто до крајот на денот ќе се прошират и ќе се појават како краткотраен дожд но потоа ќе се преминат во снег“ – вели Борис Секрираски – УХМР.

За навремена превенција од групот лекарите советуваат повеќе витамини но и навреме да се реагира и да се оди на контрола за консултација со доктор.

Лекарите очекуваат кон крајот на јануари да се зголеми бројот на пациентите со грип. Хронично болните треба уште повеќе да го чуваат своето здравје.

„Многу треба да внимаваат децата, бидејќи тие се осетливи. Треба да внимаваат и оние кои идат во градинките бидејќи тие се движат во затворен прстор и секако постарите лица да внимаваат на своето здравје поготово во вакви услови кога времето е променливо“ – изјави Д-р Марина Сотировска – служба за итна медицинска помош.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...