Вистински правен аматеризам во Уставниот суд на Македонија, судиите толкуваат што е НАТО е што ЕУ, но не дискутираат за конкретната преставка дали референдумот е согласно Уставот

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 септември, 2018 10:52

Судиите поделени, Гошева за расправа, Костадиновски и Кадриу против

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

На самиот почеток од расправата дали преставките ќе бидат или не предмет на оценка за нивната уставност во Уставниот суд поделени мислења на деветте судии.

Уставната судијка, Елена Гошева рече дека има услови судот да поведе постапка за оценување на уставноста на одлуката и да се донесе временска мерка за стопирање на активностите поврзани со референдумот.

Како свои аргументи таа наведе неколку спорни елементи кои според неа се противуставни, меѓу кои дека прашањето е збунувачко, дека не може да се распише консултативен референдум за стапување во воени сојузи, дека граѓаните не може да се одлучат, на пример ДА за НАТО, НЕ за ЕУ или слично.

Судијата Костадиновски од своја страна не гледа противуставни елементи околу референдумот.

Не се согласувам со поднесоците и го молам Уставниот суд да не продолжи кон оценка за уставноста на референдумот, рече во дел од своето излагање уставниот судија, Дарко Костадиновски.

Со својот колега се сложи и уставниот судија, Осман Кадриу:

Одлуката не може да се каже дека е незаконска бидејќи е донесена со мнозинство гласови од законодавните органи – рече уставниот судија, Осман Кадриу на седницата на Уставниот суд, додавајќи дека задолжителен референдум се одржува за членство во сојузи, излез од сојуз или промена на границите, но, како што рече тој, ЕУ не е сојуз, додека НАТО е политички и воен, но не и државен сојуз.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести